Какви промени ќе ви се случат ако 2 месеци појадувате овесна каша?

Сите знаеме дека појадокот е најважниот оброк во денот кој ни ја дава потребната енергија за активностите кои следат.
Но, што ќе се случи ако 2 месеци по ред појадувате еднолична храна? Односно, ако појадувате само овесна каша?
Дали ќе има позитивни или негативни последици?
Една девојка која го пробала експериментот го споделува искуството:
„Веќе по неколку дена забележав дека имам многу повеќе енергија. За почеток, признавам, зависник сум од благо. Секој ден го започнував со нешто слатко, пред да се одлучам за овој експеримент со здрав појадок.


Главното прашање секое утро ми беше – Што ли да појадувам денес? Па, откако решив да си дадам еден ист одговор на тоа прашање – овесна каша, забележав повеќе промени.
Открив дека овесот изобилува со минерали, витамини и аминокиселини. Покрај тоа, содржи и добри јаглехидрати, чија улога е да го регулира нивото на шеќер во крвта.
По само неколку дена забележав и дека метаболизмот конечно ми проработе како што треба.
Како што неделите поминуваа, започнав да ги намалувам и килограмите. За овие 2 месеци изгубив вкупно 7 килограми.
Чувството на ситост траеше подолго, за разлика од деновите кога појадував благо.
Нивото на шеќер во крвта е регулирано, па полесно ќе ви биде да им одолеете на слатките замки како торти и чоколадни колачиња.
Меѓу другото, имунитетот станува поцврст и не сте мета на сите настинки и бактерии.“
Би пробале 2 месеци да појадувате само овесна каша?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.