Поради високата содржина на растителни влакна, протеини и здрави масти, јаткастите плодови се одличен вид закуска – за луѓето. Од друга страна, ако имате куче, мора да бидете многу внимателни кога им давате храна. Постојат јаткасти плодови што кучињата смеат да ги јадат, иако тоа треба да биде во посебни пригоди и во многу мали количини. Ако им давате премногу јаткасти плодови, тоа може да доведе до здебелување или дехидрираност.
Какви јаткасти плодови смеат да јадат кучињата?
Какви јаткасти плодови смеат да јадат кучињата?
Всушност, сите јаткасти плодови се ризични за кучињата. Тие содржат масти, а покрај тоа, кучињата можат да се задават додека ги јадат. Постојат неколку видови јаткасти плодови што можете да му ги давате на вашето домашно милениче одвреме-навреме. Од друга страна, некои се многу токсични и може да создадат трајни проблеми во телото на кучето.
Индиски ореви – кучето може да го јаде ова овошје во мали количини и во несолена варијанта.
Костени – иако костените се безбедни за кучето, тие не се најдобра закуска за него затоа што ако кучето проголта неизџвакан костен премногу брзо, подоцна може да му биде тешко да го свари.
Кикирики – обичните несолени кикирики се безбедни за кучето, но треба да бидат без лушпа. Путерот од кикирики треба да се избегнува бидејќи содржи вештачки засладувач кој е токсичен за кучињата.
Ф`стаци – овој плод е безбеден за вашето куче, но само ако го јаде во мали количини. Ф’стаците треба да бидат излупени бидејќи може да се појават исекотини во неговата усна шуплина.
Забранети јаткасти плодови
Бадеми – иако не се токсични за кучињата, бадемите не се препорачуваат како закуска за вашето куче. Ако ви паднат неколку бадеми на подот и вашето куче почне да ги јаде, внимателно гледајте го додека ги џвака бидејќи лесно може да се задави.
Бразилски ореви – поради исклучително високата содржина на масти, препорачливо е да избегнувате хранење на кучето со овој вид орев. Бразилските ореви претставуваат закана за дигестивниот тракт кај помалите раси кучиња.
Лешници – Исто како бадемите, и лешниците може да предизвикаат задавување кај кучињата.
Макадамија – овој вид орев е исклучително токсичен за кучињата. Ако ги изеде, кучето може да почувствува треперење, слабост, па дури и парализа на екстремитетите и воспаление на зглобовите. Ако се сомневате дека вашето куче изело вакви плодови, задолжително консултирајте се со вашиот ветеринар.
Ореви – оревите претставува голема опасност за кучето бидејќи имаат неправилна форма и создаваат дигестивни блокади во телото.