*Објава на Фејсбук на професорката Билјана Ванковска
Барате дијагноза за состојбата? Името ѝ е какистократија – власт на најнеспособните, неквалификуваните (дури и со докторати) и неморалните. Но нема спас. Во сите пори на општеството. Разговарам со колега од медицинските науки и ми дава прогноза: Ние сме одамна во status moribundus (dead meat). Со други зборови, дивото месо (канцерот) е метастазирано до степен на претсмртна агонија.
Овој долу е само илустрација, не е причина. (Не боли само затоа што своите пипци ги има и во сферата која ја сакам и сум ѝ го посветила животот.) овој е повеќе последица …
Им се чудам на умот на оние кои бараат време за позитивни резултати. И ги молам, да ми се мавнат од пред очи.
