Каков финиш на натпреварот Чикаго Булс – Лејкерс

Лејкерс ноќеска доживеа болен пораз на гостувањето во Чикаго откако го загуби мечот со звукот на сирената, херој на домаќините беше Гиди, конечниот резултат гласеше 119-117.
Лејкерс водеа со 117-116 и се чинеше дека ќе го добијат мечот, но во последната секунда шутна од центарот и погоди за победа на Чикаго.

Репрезентативецот на Австралија очигледно ужива кога игра против Лејкерс бидејќи и на претходниот и на овој натпревар оствари трипл дабл, сега со 25 поени, 14 скока и 11 асистенции. Најефикасен беше Вајт со 26 поени од кои 18 во последната четвртина кога се одлучуваше победникот.
Кај Лејкерс, Остин Ривс постигна 30 поени, а Дончиќ заврши со 25 поени, 10 скока и 8 асистенции.
Резултати:
Кливленд – Сан Антонио 124-116
Орландо – Далас 92-101
Вашингтон – Индијана 109-162
Мајами – Атланта 122-112
Чикаго – ЛА Лејкерс 119-117
Оклахома – Мемфис 125-104
Јута – Хјустон 1101-121
Сакраменто – Портланд 128-107
The post Каков финиш на натпреварот Чикаго Булс – Лејкерс appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: