Како Ана Ивановиќ го завела Бастијан?

Ана Ивановиќ и Бастијан Шванштајгер се заедно од 2014 година, а сè започнало кога Ана го номинирала фудбалерот за „леден предизвик“.
Ана Ивановиќ (32) и фудбалерот Бастијан Швајнштајгер (36) имаат брак поради кој многумина им завидуваат, а привлекуваат внимание каде и да се појават.
Парот моментално ужива на одмор во шпанскиот град Палма де Мајорка со синовите, двегодишниот Лука и 11-месечниот Леон. Ана, некогаш прва тенисерка во светот, на плажа ја покажала совршената фигура во црно бикини, а и Бастијан е во прилично добра форма.
Парот не ја симнувал насмевката од лицето додека се играле со децата и ги носеле во раце во вода. Иако сега е идилично помеѓу славните сопружници, почетокот на нивната врска бил обележан со скандал и со негативни наслови.


Имено, Швајнштајгер имал девојка, актерката и манекенка Сара Брандер (31), со која бил во врска седум години, дури и живееле заедно. Сите очекувале дека парот наскоро ќе ја круниса својата врска со брак, но тогаш излегла веста дека Бастијан ја сака Ана.
Се шушкало дека Бастијан и Ана се вљубиле во 2014 година откако некое време биле пријатели, а сето тоа наводно започнало кога таа го номинирала фудбалерот за леден предизвик. Потоа, тој ѝ возвратил со номинација на брат ѝ Милош.
„На почеток, Бастијан и Ана беа само добри пријатели, а Ана сега не престанува да зборува за него“, известуваа германските медиуми.

 

View this post on Instagram

 

Busy Mama on a beach🔥❤️

A post shared by Ana Ivanovic🇷🇸-Retired💔 (@anaivanovic_fanclub) on


Влегувале во детали за Ана, говорејќи дека Бастијан ја оставил девојка му поради заводничка од Балкан.
Во еден германски таблоид од 2014 отишле толку далеку што ја споредувале Сара со Ана. Истакнале дека тенисерката е бринета и Скорпија во хороскоп, додека манекенката е русокоса и Стрелец. Притоа, пишувале дека Ана зборува руски, англиски, германски и француски јазик, покрај својот мајчин српски јазик, а Сара само германски и англиски.
Коментирале дека тешко е да се одреди колку заработува Сара, а Ивановиќ тогаш имала заработка од пет милиони евра, додека сега, според податоците, има имот вреден 16 милиони долари. Отишле и толку далеку што нагласиле дека Ана има 14 килограми повеќе од Сара!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.