Како беше спречен шверц на огромна количина марихуана?

Царинските службеници од граничниот премин Табановце, спречија обид за шверц на голема количина опојна дрога марихуана.
На 29 март 2019 година, царинските службеници од граничниот премин Табановце при претрес на товарно моторно возило со албански регистарски таблички, управувано од албански државјанин Ф.Б. (62), пронајдоа околу 350 килограми опојна дрога марихуана.
Имено, во раните утрински часови, односно 01:30 часот, на граничниот премин на излез од државата се пријавило товарно моторно возило марка VOLVO со албански регистарски таблички управувано од државјанин на Република Албанија, при што возилото од страна на царинските службеници било селектирано за детален преглед.


При преглед на истото, во 130 специјално изработени палети за транспорт на цвеќе натоварени во возилото, царинските службеници пронајдоа околу 350 килограми опојна дрога марихуана.
По преземање на случајот од страна на инспекторите од Одделението за истраги, Царинската управа против Ф.Б. (62) ќе поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по член 215 став 1 и став 7 од Кривичниот законик“ до Основното јавно обвинителство Куманово.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.