Сестрата на Богдана Родиќ, Бојана Родиќ покажа како изгледа собата на нејзиниот внук кој воедно е и прво внуче во фамилијата Ражнатовиќ.
Гордата тетка на Инстаграм сподели фотографии од собата на малиот Жељко, а фановите веднаш ја споредија со рајот на небото.
На фотографиите се гледаат облачиња на ѕидовите, мечиња и специјален кревет за пресоблекување.
Секако на ѕидот неизбежен детаљ е и напишаното негово име Жељко.
За потсетување Цеца за прв пат стана баба на 3 јуни месецов кога нејзината снаа на свет го донесе Жељко Ражнатовиќ.