Како вселенски брод! Вака ќе изгледаат седиштата во авионите по пандемијата коронавирус

Очигледно е дека светот малку по малку почнува да се менува, а ‘виновникот’ за тоа како што знаеме е коронавирусот.
Новиот дизајн на седиштата во авионите би можел да биде иднина на патувањата по пандемијата коронавирус.
Станува збор за хигиенски панели вградени во секое седиште, а средишните седишта во авионот би биле свртени наназад.


Овој револуционерен начин на седење во авионите по стравот од зараза од инфекцијата го развила компанијата „Avio Interiors“.
Во економската класа, секое седиште би имало пластичен оклоп во облик на буквата С околу главата и од двете страни, за да се спречи било каков контакт со патниците кои што седат пред нас.


Овој панел или оклоп овозможува комуникација, но спречува потенцијално ширење на вирусот меѓу патниците во авионот. Оклопот исто така не им пречи на патниците доколку прават некои активности (читање, пишување) во текот на летот, или пак при консумирањето на нивните оброци.
На овој начин компанијата сакала да избегне или пак да го сведе на минимум контактот и интеракцијата на патниците во текот на летот за да се намали можноста од зараза.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.