Сакате да бидете во форма, но сето тоа потење и вежбање не е забавно. Сепак, постојат неколку начини што ќе ви помогнат да бидете во форма без да се потите премногу.
Како да бидете во форма без да се испотите?
Вежбајте три минути
Вежбајте три минути – скокајте на јаже, трчајте во место, трчајте околу куќата, зградата или поштенското сандаче или нагоре по скалите. Забрзајте го отчукувањето на срцето така што ќе вежбате 30 секунди, 4-6 пати по ред во 3 минути. Правете го тоа неколку пати на ден и ќе имате одлична кардио кондиција.
Следете го бројот на чекори
Вашата цел е 10.000 чекори на ден, а се пресметува сè, дури и одењето до кујната или до тоалетот. Користете ги скалите наместо лифтот, пешачете секогаш кога е можно тоа и не заборавајте дека секој чекор се брои.
Најдете пријател
Не е важно дали станува збор за човек или куче. Ако имате пријател за прошетка, тоа ќе ве мотивира да излезете надвор. Фокусирајте се на пешачењето, не за разговорот.
Направете распоред
Ако вежбањето го ставите во распоредот, нема да го заборавите. Ако не сакате да вежбате пред да одите на работа, нема да го сторите тоа, па затоа одберете време кога ќе сакате да вежбате. Ако не сте направиле 10.000 чекори, направете уште неколку круга во соседството пред да се вратите дома.
Вежбање на бирото
Сите знаеме дека е можно да се движите и да вежбате кога работите. Станете додека разговарате на телефон и правете прошетка на секој час. Не само што ќе се чувствувате подобро ментално, туку и физички. Можете дури и да направите аеробик на столот. Ова можете да го правите и дома, а никој нема да се запраша што правите.
Размислувајте поинаку
Наместо да излезете на вечера или во кино со партнерот, одете во теретана, запишете се на курс по танцување и шетајте. Можете да најдете и некоја бесплатна активност. Од друга страна, вежбањето заедно може да ја зајакне вашата врска.
Поставете цел
Бидете реални кога ги поставувате своите цели. Нема да изгубите 10 килограми за еден месец. Бидете реални и наградете се, но не со храна. Вие се познавате себеси најдобро и знаете со што можете да се наградите.
Хранете се здраво
Исфрлете ги белото брашно, шеќерот и преработената храна. Исто така, важно е да престанете да јадете брза храна и пијалаци што содржат шеќер. Овој вид храна нема да ви помогне да бидете витки, туку е далеку од здравиот начин на живот. Ќе се чувствувате подобро, поздраво и ќе ги намалите килограмите. Освен тоа, ќе имате и повеќе енергија.
Направете нешто
Ако живеете седечки начин на живот, самото станување и движење ќе направи голема разлика кога станува збор за вашата кондиција. Не е важно што правите, најважно е да се движите. Малите чекори се собираат и немојте да се споредувате со другите.