Многу девојки посакуваат да имаат полни усни, но не сакаат да подлегнат на естетската хирургија. За среќа, нема потреба од пластична операција, бидејќи усните можете визуелно да ги зголемите и на природен начин!
За да го постигнете овој ефект, потребни ви се само две состојки: цимет и малку вазелин.
Ставете ги состојките во сад и мешајте сè додека не добиете густа смеса. Кога добро ќе се соедини, нанесете ја на усните, протријте и оставете да отстои некое време.
На крај, измијте се и вашите усни ќе изгледаат поголеми!