Како да ги надминете вашите стравови?

Лесно е некој да ви каже дека треба да се соочите со вашите стравови, но тешко е да најдете начин како да го направите тоа.
Понекогаш имате доволно храброст за да кажете „доста е“ и да се соочите со стравот. На пример, ако се плашите од височина, заминете на планина со надеж дека ќе го победите вашиот страв.
Проблемот е што оваа тактика не функционира секогаш. Понекогаш може да се откажете на половина пат и тогаш ќе биде уште полошо. Со други зборови, овој експеримент ќе има спротивен ефект.
Надминување на стравот е долг процес за кој треба повеќе време. Најдобро е да се обидете да разберете што е она што ви предизвикува страв, па во продолжение прочитајте 3 начини како да се соочите со стравот.
Размислете за она што ве плаши
Најпрвин треба да се прашате што е она што ве плаши. Мора да се запрашате: „Што е она што ве плаши? И запишете ги сите одговори кои ви минуваат низ глава, дури и најбаналните.
Прифатето го вашиот страв
Не треба да се борите против вашите стравови туку да ги прифатите и да се соочите со нив. Дали се плашите од глушец? Зошто? Кога сте се исплашиле за првпат? Како ќе изреагирате ако најдете глушец во вашата соба?
Вратете се назад кон изворот на вашите стравови бидејќи се поврзани со недостаток на информации. Ако се плашите да го најдете вистинскиот партнер, читајте љубовни романи, статии, разговарајте со пријателите. Направете го истото со она што ви предизвикува страв.
Преземете го првиот чекор
Направете сè за да не бидете жртва на вашиот страв. Запомнете дека секогаш сте во состојба да реагирате на вашиот страв, дури иако ви е тешко. Ваквата реакција е избегнување на она што ве плаши, но целта е да бидете рационални и да се соочите со проблемот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.