Останува уште помалку од една недела до бојадисувањето на велигденските јајца.
Се собираат идеи за боење, а доколку спаѓате во онаа група жени кои годинава ќе пробаат некој нов начин како да ја добијат посакуваната боја без да купуваат бои, тогаш сте на вистинското место.
Убава црвена боја можете да добиете со помош на дури пет намирници, додека убава жолта боја ќе добиете благодарение на куркумата.
А ако сакате зелена боја, тогаш навреме купете си спанаќ или коприва.
Без разлика дали користите замрзнат или свеж спанаќ, крајниот резултат ќе биде феноменален.
Ви треба:
Содржината продолжува после огласот
2 шолји дневно ќе ви ги исчистат вените подобро од таблетите!
Sponsored by MonadPlug
1 чаша или повеќе спанаќ или коприви
1 чаша вода
1 лажица алкохолен оцет
Начин на подготовка:
Сварете ги јајцата. Оставете ги да се изладат и да дојдат до собна температура.
За тоа време истурете вода во тавче и додадете спанаќ/коприви.
Кога ќе зовријат, намалете го огнот и оставете нежно да се готват уште 15 до 30 минути.
Бојата е „готова“ кога ќе добиете неколку нијанси потемна од бојата што сакате да ја постигнете.
Кога ќе сте задоволни со добиената нијанса, оставете ја да се излади и да достигне собна температура.
Потоа процедете ја и додадете оцет.
Во тенџере или тегла ставете ги јајцата и прелијте ги со водата со боја за да бидат целосно покриени.
Ставете ги во фрижидер и оставете ги додека јајцата не ја добијат саканата нијанса.
Кога јајцата ќе бидат обоени, нежно избришете ги и премачкајте ги со тенок слој масло, за да блеснат.
Важно: можете да обоите до три јајца во една чаша боја.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.