Како да ги перете и одржувате памучните заштитни маски?

Експертите исто така нагласуваат дека правилното перење и одржување на маските е од огромна важност за да бидат тие ефикасни во заштитата.
Одличен метод е да ги перете маските во машина за перење. Детергентот за алишта е доволен за чистење на маската, така што повторно е подготвена за употреба, но треба да обрнете внимание на температурата. Се препорачува перење на 60 Целзиусови степени.


Можете исто така да ја измиете маската со натопување во раствор од една кафена лажичка белило во литар топла вода. Температурата не е важна бидејќи белилото ќе ја дезинфицира маската. Сепак, ќе мора да бидете претпазливи затоа што користењето поголема количина на белило или друга хемикалија на платното може да ја оштети маската.
Треба добро да ја исплакнете под вода, а потоа да го потопите во чиста вода уште пет минути.
Маската додека не ја користите ставете ја во хартиена кеса, а со неа секогаш ракувајте со чисти и дезинфицирани раце.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.