Како да ги препознаете жените родени во знакот Лав?

Имајте на ум: Не заборавајте никогаш да и се восхитувате на оваа жена.
На прв поглед, оваа жена ќе ја запознаете бидејќи сака облека која е брендирана и која остава впечаток. Таа сака фустани, накит, впечатливи детали. Доколку финансиите не и овозможуваат да носи скапи фустани и накит, Лавицата ќе пати поради тоа.
Таа е доминатна жена, на која не би сакале да и се спротиставите. Страствена е по својата природа и бара да биде освоена од најдобриот маж. Често мажите ги доведува во ситуација да влезат во конфликти поради неа. Таа е театрална и оригинална. Лесно минува кога ќе се заљуби, бидејќи мажите и се потчинуваат. Таа поседува стил и не сака да биде гледана како послабиот пол. Но, воопшто не е тешко да ја обожавате. Таа нема да прави ништо посебно и лесно ќе биде обожавана од другите.


Жената Лав бара восхит. Потребно е и да се чувствува видена, забележана и сакана. Но за жал, често се заљубува во погрешни мажи кои ги немаат карактеристиките кои таа ги бара. Оваа жена не бара само да биде сакана, туку таа сака да биде обожавана и дарувана со внимание и подароци.
Знае да биде суетна, но и достоинствена и доминантна. Таа е божица која смета дека на другите треба да им е задоволство да минуваат време покрај неа. Секогаш сака да биде во центарот на вниманието, сака забава, но и илјада обожаватели покрај неа. Надарена е со смисла за хумор, великодушност и сексуална привлечност. Ќе даде се од себе за да биде предводник и лидер во своето друштво, а мажот кој ќе го избере мора да биде ист како неа, во однос на ова.
Покрај оваа жена, мажите можат да видат што е несебична и вистинска љубов. Таа ги прави сите нешта со полно срце, и ќе ве натера да се прашувате зошто ја обожавате толку многу. Можеби тоа е така бидејќи е сигурна во себе, секогаш блескава, сјајна, сензуална. Кога ќе влезе во една просторија, не е можно да не биде забележана. Но, често може да биде и преголем залак за еден маж, бидејќи е силна и бестрашна.
Кај оваа жена се крие личност која има одлична смисла за бизнис. Таа може да води голема компанија, телевизија, радио или приватно училиште.
Како мајка е совршена и децата секогаш се на прво место.
Најдобро се сложува со: Овен, Лав, Вага, Стрелец, Водолија и Близнаци.
Најчести професии: моден креатор, балерина, актерка, музичар, сопственик на бизнис, архитект, внатрешен дизајнер, спортистка
Боја: златна, жолта, портокалова
Драги камења: дијамант, рубин

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.