Како да ги препознаете луѓето со добра душа?

Еднаш го прашав мојот учител како да препознаам добар човек, личност со добра душа, личност која е развиена на душевно ниво…
Што прави таа личност?
Што зборува?
Учителот ми одговори:


„Воопшто не е важно што зборува човек, ниту како ти изгледа. Главната работа е во атмосферата која се менува во неговото присуство. Тоа ти е најмноќниот доказ. Кога добрата личност ќе влезе во просторијата имаш чувство дека воздухот се променил, дека атмосферата е поубава, потопла, поудобна и тоа значи дека во просторијата влегла една добра душа, еден силен дух кој е во состојба да неутрализира сѐ останато. На сличен начин ќе ја препознаеш и лошата личност. Ако одеднаш ти е неудобно, ладно, расположението одеднаш ти се променува, знај дека во просторијата влегла негативна, но и моќна енергија на една таква личност.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.