Како да го запрете емоционалното јадење преку правење промена во светот?

Луѓето секојдневно се прашуваат како да престанат со емоционалното прејадување. Емоционалното прејадување е голем причинител за покачување на телесната тежина и може да претставува голем напор додека тоа целосно се спречи. Психологот Глен Ливингстон советува дека треба да се направи нешто поинакво: Да се сопре емоционалното јадење преку промена на светот.
Како да го запрете емоционалното јадење преку промена на светот?
Постои ограничување за тоа колку може однесувањето да се промени сè додека немате доволно силна причина да го промените. За некои луѓе, причините за прекинување на емоционалното јадење се закана од сериозни здравствени последици, желбата да се изгубат килограми, да се стекне самодоверба за носење на омилената облека, некои сакаат да имаат повеќе енергија за игра со децата и внуците, подобро варење на храната, ослободување од ментална опседнатост…
Потребна е само мала посветеност и со правилна ментална насоченост кон екстремно силна мотивација, емоционалното јадење може да се прекине. Многу луѓе мислат дека не се воопшто важни и дека се само едно копче во огромна машина и не веруваат дека можат да го променат светот.


Овој психолог ќе ви покаже како можете да го промените светот во неколку кратки параграфи.
Како до промена на светот
Да, треба да бидете самоуверени и сигурни дека можете да го промените светот. Еве како да го развиете ова чувство кај вас.
Одлука
Прво и најглавно, одлучете дека вие сте тука за да го промените светот. Не се надевајте и не молете за шанса. Заборавете на „некој ден“. Заборавете на пречките и фактите дека немате доволно време, пари и/или емоционална поддршка. Одлучете што сакате да промените и признајте. Најавете го тоа. Сфатете го како однапред позната работа и промената ќе дојде. Дали ги изјавивте вашите намери и ги поседувате длабоко во вашата душа?
Почнете со себеси
Не ви треба публика од милион луѓе за да го промените светот. Вие прво ќе го смените светот менувајќи се себеси. Кога ќе станете некој што верува во својата кауза, кога го вреднувате тоа што го правите, вие можете да направите поголема промена отколку една мулти-милионска маркетиншка кампања.


Заборавете на бројките
Можете да го промените светот на подлабоко ниво со давање почит, љубов и мудрост само на една личност. Тоа е заразно. Ако тоа ви биде обврска, вашата порака ќе се прошири. На пример, добрите родители го менуваат светот на многу длабок начин. Понудете му љубов на само едно скапоцено човечко суштество и местото во рајот ви е загарантирано.
Прифатете дека доколку сакате да ве сакаат ќе морате да поднесете омраза
Не можете да влијаете врз светот на никаков начин доколку не сте подготвени да ве мразат. Ако сакате да создадете промена во светот, ќе мора да бидете мажот или жената што на некој начин се исправа и вели: „Работите не се добри. Вие бевте излажани, малтретирани, злоупотребувани. Императорот нема облека!“
Ќе се соочите со маса на луѓе кои не би ги промениле работите
Императорот можеби ја постигнал позицијата со неопходна поддршка од јавноста. Ако сакате да го промените светот ќе мора да се соочите со бесот на луѓето. Ако сакате да ве сакаат, прво ќе мора да дозволите да ве мразат.
Обраќајте ѝ се на публиката како на сопствени деца
Ќе влијаете многу поубедливо кога тоа што треба да го кажете го кажувате како да зборувате со вашите деца, а не како да им се обраќате на вашите професори, наставници и колеги. Секогаш кога ќе се обраќате кон некого сетете се како би било истото да го слушаат и вашите деца.
Останете инспирирани
Ако го менувате светот, тој треба да ја почувствува вашата лична инспирација. Светот одговара на вашата енергија и ентузијазам, не само на содржината на пораката. Читајте книги. Слушајте инспиративни видеа. Излезете надвор, земете го тоа што природата го нуди! Постојат многу работи на кои можете да им се восхитувате покрај целото лудило. Ваша одговорност е да се прогласите себеси за лидер.


За промена, денес прашајте се што сакате да промените во овој свет и како да започнете да го правите тоа одма? Тоа може да биде нешто едноставно, како на пример да бидете подобар родител, сопруг или пријател или нешто поголемо како што е влијание врз климатски промени или барање лек за одредена болест.
Маргарет Мед рекла: „Никогаш не се сомневајте дека една мала група внимателни и посветени граѓани можат да го променат светот. Секако тоа е единственото нешто коешто го имаат.“
А, оваа мисла ја оправдуваме затоа што токму малата група внимателни и посветени граѓани започнува со голема идеја и енергија само на еден човек.
Или како што вели еврејската поговорка: „Подобро да се запали свеќа отколку да се проколнува темнината.“

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.