Со појавата на високите температури и испарувањето во домовите често се појавува влага, а тоа особено се чувствува во кујната каде чуваме храна. Оттаму доаѓаат многу паразити, а најчесто најдосадни се мувите кои го напаѓаат овошјето.
Прв совет е штом видите дека почнале да се собираат муви и мушички, фрлете го купеното овошје и зеленчук и ѓубрето изнесете го од домот.
Покрај тоа, за да спречите појава на муви и мушички, купеното овошје и зеленчук чувајте го во фрижидер. Фрлете го отпадот од храната во канта за смет и редовно изнесувајте го.
Ако и понатаму има мушички може да им направите мала замка така што во еден сад ќе ставите јаболков оцет и неколку капки детергент за миење садови, а потоа тоа ставете го во микробранова печка на 30 секунди.
Течноста оставете ја во кујната, аромата на оцет ќе ги привлече, а поради детергентот ќе паднат во растворот.