Како да го намалите утринското отекување на лицето?

Без разлика дали сте јаделе премногу солена храна претходната вечер, имате напад на алергија или пак, сте испиле повеќе алкохол, утринското отекување на лицето лесно може да се отстрани ако знаете што да правите. Од кругови краставица на очите, до миење со ладна вода – сигурно сте испробале безброј начини да го намалите отокот со којшто сте се разбудиле. Но, ниту една од овие техники не ви помогнала. Што треба да направите тогаш?


Според Рене Ролеу, естетичарката која е позната по работата со славни личности, меѓу кои е и Деми Ловато, постои еден исклучително едноставен трик. Станува збор за туширање со жешка вода! Утринското туширање со жешка вода ги проширува лимфните садови, што автоматски го олеснува движењето на вишокот течности што се насобираат во лицето. Како додаток, топлината помага за циркулацијата, а силата на млазот вода го стимулира излегувањето на вишокот течности од пределот околу очите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.