Дали и вие сте големи љубители на кафето? Ако вашиот одговор е позитивен, погледнете како можете да ги употребите остатоците од вашето утринско кафе во комбинација со малку маслиново масло во борбата против најголемиот непријател на жените – целулитот.
Како да го намалите целулитот со помош на кафе?
Кофеиниот нанесен на кожата ја стимулира крвта така што ги проширува крвните садови и на тој начин ја затегнува вашата кожа и помага при исфрлање на токсините и масните наслаги. Маслиновото масло овозможува оваа смеса да е полесна за нанесување и истовремено ја прави вашата кожа неверојатно нежна и мазна. Погледнете го ова видео и веднаш започнете со вашиот нов третман за совршена кожа без целулит.