Како да го одржите вашето интимно здравје?

Многу жени обрнуваат посебно внимание на нивното интимно здравје, но некои од работите што ги прават се всушност погрешни. Следниве совети ќе ви помогнат да водите подобра грижа за интимното здравје и да спречите некои од најчестите проблеми.
1. Немојте да депилирате сè
Иако многу жени се одлучуваат за интимна депилација поради хигиена, а не само за естетика, лекарите сметаат дека ова не е најдобрата идеја. Влакната на интимниот дел ве штитат од бактерии и вируси, ја апсорбираат потта и штитат од триење. Неодамнешно истражување покажало дека 84% од жените се бричат, а 50% ги отстрануваат сите влакна од гениталиите со депилација.
2. Внимателно одбирајте ги продуктите за интимна нега
Вагината се чисти самата и важно е да не ја нарушите нејзината рН вредност, бидејќи тогаш ќе се создаде средина погодна за развој на инфекции. Одбирајте производи за интимна нега што не содржат парфеми или состојки што ја нарушуваат рН вредноста.


3. Внимавајте на долната облека
Долната облека со чипка изгледа неверојатно, но не е секогаш добра за вашето здравје. Најдобро е да носите памучна долна облека, така што ќе ѝ овозможите на вашата кожа да „дише“. Исто така, добро е секогаш кога ќе имате прилика да спиете голи.


4. Пијте доволно вода
Хидратацијата е важна за целиот организам, вклучувајќи го и здравјето на гениталиите. Кога телото е дехидрирано, сувоста се појавува и кај вагината. Во зависност од тоа колку сте активни во текот на денот, би требало да пиете 2 до 3 литри вода.
5. Златно правило
Според „златното правило“, најдобро е секогаш после сексуален однос да одите во тоалет. Празнењето на мочниот меур после односот го „чисти“ уринарниот тракт и го намалува ризикот од инфекции.
6. Вежбање
Немојте да ја носите истата облека откако ќе завршите со вежбање. Веднаш по тренингот заменете ја со чиста.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.