Како да го оживеете вашиот сексуален живот?

Одржувањето на романтиката и страста во врската е тешко, а уште потешко е да ги оживеете ако пламенот почнува да згаснува. Меѓутоа, ако уште има љубов меѓу вас и само сте растргнати со обврски и наоѓате изговори за да бидете интимни со партнерот, има шанси да го реанимирате вашиот сексуален живот.

Луѓето често се прашуваат колку секс имаат другите луѓе и колку е „нормално“ да се има секс, особено кога веќе живеат заедно и барем просторот не е проблем. Факт е дека на почетокот на врската, доколку двојката е сексуално активна, сексот е редовно „на менито“, а како поминува време интензитетот на сексуалната активност се намалува.

<

Има многу фактори што влијаат на сексуалниот живот, како возраст, здравствена состојба, либидо, начин на живот, ниво на стрес и така натаму.

Секако, постојат многу начини како повторно да ја разгорите страста меѓу вас и партнерот, а ова се само неколку од нив:

Едноставно бидете романтични

Секоја двојка има своја замисла за романтика. За некои тоа е вечера во омилениот ресторан, викенд патување, гушкање под ѕвездите… потсетете се на вашите најдобри моменти и изненадете ја вашата сакана личност со романтичен гест со кој ќе покажете дека кај вас пламенот уште силно гори.

Спалната соба е место за интимност

Извадете од спалната соба сѐ што не асоцира на спиење и интимност. Без телевизори, компјутери и телефони. Купете нова, нежна постелнина, пригушете го светлото, запалете миризливи свеќи, пуштете сензуална музика, облечете нешто секси или не облекувајте ништо…

Разговарајте за сексот

Комуникацијата е основен столб во врската воопшто. Ако вие и вашиот партнер веќе подолго време го ставате под тепих фактот дека одамна не сте воделе љубов, скршете го мразот и кажете дека тоа ви пречи. Кажете му дека го сакате, дека уште ве привлекува и дека го посакувате. Отворениот разговор за сексуалните желби е најмоќен афродизијак.

Препуштете се на своите фантазии

Можеби сексот не е така редок, но е прилично „стандарден“. Споделете со партнерот некоја ваша фантазија, кажете што сакате, што ве возбудува, пробајте нешто ново…

Една вечер во неделата одвојте ја само за вас двајца

Можеби ви звучи старомодно, но излегувањето на состанок е многу важно за кревање на самодовербата и на либидото. Самиот факт дека ќе се потрудите, ќе се дотерате, ќе се возбудите, веќе оди во насока на тоа да се потсетите и себе и партнерот колку си значите. Може да излезете на пијачка, на кино, на вечера, или едноставно да останете дома сами, без телевизија, компјутери и гаџети, само вие двајца.

Бакнувајте се

Двојките кои се бакнуваат секој ден водат љубов почесто од оние кои не се бакнуваат. Бакнувањето е една од најсекси работите што може да ги направите, па бакнувајте се наутро, попладне, навечер, ноќе, дома, во јавност, праќајте си бакнежи во порака… само бакнувајте се почесто!

Давајте си комплименти

Секој сака да се чувствува ценето, сакано, посакувано, вредно. Не штедете на комплименти и убави зборови за вашата сакана личност. Пратете порака со комплимент дека изгледа убаво или дека сексот претходната ноќ бил фантастичен. До вечер, страстите повторно ќе се разгорат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.