Како да го освоите срцето на силна и независна девојка?

Во денешно време девојките не се плашат да бидат силни и независни. Се поголем број на девојки постојано се надоградуваат, учат, се вработуваат на повисоки работни места и имаат големи амбиции и големи соништа.
На силните и независни жени не им е веќе доволно само да најдат маж којшто ќе ги издржува и кој ќе ги покажува во јавност. Денешните девојки сакаат да имаат контрола, да одлучуваат, да го видат светот.
И покрај тоа што ги преземаат работите во своите раце, денешите девојки не ја отфрлаат љубовта и сакаат да најдат човек којшто ќе ги сака, почитува и кој ќе стои рамо до рамо со нив и со кого заедно ќе ги делат и убавите и лошите работи во животот.
Иако жените во денешно време можат да бидат и независни и силни, сепак под површината сакаат да знаат дека некаде таму постои човек којшто ќе ги сака со цело срце и дека ќе најдат некој со кого меѓусебно ќе си бидат поддршка и потпора.


Но, обично ова не им поаѓа лесно од рака, затоа што голем број на мажи не знаат како да се справат со независни жени, кои можат се направат сами, кои не чекаат некој да им ги заврши работите, кои не патат од тоа да бидат заштитувани, кои се слободни и кои се свои.
Мажите често велат дека не е едноставно да се биде во врска со независна жена, бидејќи е многу тешко да се освои и да се задржи. Тие не играат игри, отворени се, не се занимаваат со непотребни работи, но тоа може да биде и многу страшно.
Не е лесно да се освои срцето на независната девојка, но не е и невозможно. Правилата на игра се многу едноставни: Немојте да играте игри. Немојте да ги применувате они закоравени правила на топло-ладно, на исчезнување со недели, затоа што таква жена нема да седи да ве чека. Ќе ви најде замена. Нејзе не и е дојдено до игри и детски незрели постапки.
Морате да имате сопствени цели и соништа ако сакате да ја освоите независната жена. За неа нема ништо поодбивно од човек којшто не знае каде тера во животот. Сите имаме кривини и пречки на патот, но важно е барем да имате замисла за тоа како сакате да ви изгледа животот и да се трудите тоа да го остварите.
Таа веќе во својата глава има отприлика замисла за тоа што сака и тоа го очекува од секој кој сака да биде дел од нејзиниот живот. Амбицијата е она што го движи и надоградува човекот. Не мора да бидат огромни и недостижни амбиции, но барем да се има некаква насока за тоа што очекувате од животот.
За девојката која цврсто стои на земјата, многу е важно да имате став и јасно да го кажувате. Не се согласувајте со се со неа. На силната девојка и е потребен некој којшто ќе ја предизвикува. За неа врската треба да ги подобрува луѓето, двајцата партнери треба меѓусебно да си парираат, па и да се несогласуваат. Само така ќе се зацврстува односот.


Бидете трпеливи. Таа самата знае дека не е совршена и дека не пушта лесно луѓе во животот. Знае дека има проблем со искажувањето на чувствата и дека е позатворена. Но, ако сте доволно трпеливи, ќе ви го предаде целото срце и ќе ве сака со жештина со која никоја друга претходно не ве сакала.
Силната и независна девојка постојано сака да учи. Нејзината жед за знаење никогаш нема да се угасне. Таа постојано ќе се труди да научи нешто ново, да се надогради, да се здобие со нова вештина. Таа сака да учи од другите луѓе. Бидете предизвик за неа, научете ја нови работи, изнесете и нови погледи. Силната и независна девојка се ужаснува од стагнација и статус кво и сака постојано да се движи напред. И тоа би сакала да го прави заедно со вас, но морате да држите чекор со неа.
Може да се зборува со недели, но клучот е да бидете свои и да бидете нејзина потпора. Да не ги омаловажувате нејзините соништа, да не и велите дека не може да направи нешто и да не се обидувате да ја врзувате со сила. Ако се обидите да и ја ограничите нејзината слобода, таа ќе избега додека да трепнете. Оставете и простор за нејзе и ќе ви даде дупло повеќе емоции. Таа бега кога чувствува дека ја гушат. Не може да постои и да функционира така затоа што не е навикната.
И најважно е тоа што таа сака и очекува вие да бидете тим. Две индивидуи кои се сакаат, разбираат и поддржуваат и кои функционираат одлично како тип. Луѓе кои се разбираат со поглед, кои не треба многу за да знаат што другиот мисли. Таков тим може да го освои светот. Како што велел Антоан де Сент-Егзипери, авторот на „Малиот принц“: „Животот не’ научи дека љубовта не се состои во тоа да гледаме еден во друг, туку заедно да гледаме во истата насока.“

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.