Како да го „преживеете” летното вежбање?

Физичката активност го загрева телото, па затоа вежбањето во лето и во зима носи различни ситуации. Но, летните горештини не значат дека треба да заборавите на вежбањето до зима.
Вода
Вода треба да пиете пред тренингот, за време на тренингот и по него. Додека вежбаме, нашето тело се разладува и со потењето, што значи дека губиме многу течности, електролити, калиум и натриум.
Што треба да јадете?
Намирници кои содржат висок процент на вода ќе ви помогнат да останете хидрирани. Краставиците, јагодите, пиперките, лубениците, доматите… содржат голема количина на вода.
За доручек би требало да јадете јаткасто овошје и бело месо, кои ќе го зголемат нивото на креатин во организмот, па ќе имате повеќе сила и ќе бидете поиздржливи.


Како треба да изгледа тренингот?
Најдобро би било да вежбате рано наутро или доцна навечер. Најдобро е да имате 15 минути тренинг со висок интензитет во периоди од денот кога е најмалку топло, за да можете својот максимум да го постигнете за кратко време.
Интензивниот аеробен тренинг со кратки паузи не само што ефикасно ги топи масните наслаги, туку и го забрзува метаболизмот кој останува забрзан и кога тренингот ќе заврши, што значи дека калориите се трошат и по тренингот.
Како да знаете дека е доста?
Многу е важно да ги препознаете раните знаци на дехидрација, за да направите пауза и да се напиете вода. Доколку почнат вртоглавици или почувствувате слабост, одморете се на подот неколку минути. Не се форсирајте, бидејќи вежбањето има смисла само додека ви годи.

Пронајдете не на следниве мрежи: