Сите знаеме што значи да се каже за една девојка дека е принцеза. Се занимава со себе и сите во нејзиниот живот постојат за да ги исполнуваат нејзините желби, троши многу и сл. Но, постои и машка верзија од овој тип која е исто толку застрашувачка и може да ви го скрши срцето, доколку не знаете со кого си имате работа. Ако момчето околу кое се трудите се вклопува во оваа категорија, немојте да кажете дека не сме ве предупредиле !
1. Момчето кое има пари, се потпира дури и на своето име
Ние не констатираме дека сите богати момци се лоши, но тој веројатно бил израснат во различна средина од вас, но можеби вредностите кои се важни за него се исти како и оние кои се важни за вас. Работата е дека тој веројатно не треба да работи многу за да го добие она што го има или да го докажува неговиот став. На кратко, може да му бидете на располагање многу повеќе отколку тој на вас. Ако се заљубите во многу богато момче, најдобро е да бидете кул и да му препуштите нему да се грижи за вашето задоволство.
2.Рок-ѕвезда
Овој назив има повеќе врска со неговиот став, отколку со фактичката состојба на нештата. Можеби е тапанар во некој мал, непознат бенд, но во неговиот ум има сосема поинаква димензија во која се појавуваат и навивачка група девојки. Првиот проблем во врска со овој тип е фактот што тој ќе мисли дека сте неверојатна среќничка што сте со него, а другата е дека, во многу ситуации тој ќе биде на прво место (иако тој е познат по тоа …) и трето – ќе се соочите со ударите на вистинските ѕвезди. Ако е забавен и познава забавни луѓе, радувајте се, но не инвестирајте во долга врска со ваков тип на момче.
3. Премногу е згоден
Постои правило во состанувањето. Ако изгледот го мериме на скала од 1 до 10, а вие сте осум, момчето за вас треба да биде седумка. Светот едноставно функционира на тој начин, а вие посакувате некој кој е благодарен затоа што сте над него. Освен ако не изгледате екстремно добро, имате работа која е добро платена, или сте навистина богата, избегнувајте многу убави мажи. Освен што имаат проблем со суетата, тие се свесни дека можат да ја имаат било која жена, и затоа често ќе го злоупотребуваат тоа. Ви треба момче со добар изглед, во нормални критериуми, а проблемите кои ги носи состанувањето со манекените, препуштете им ги на некои женски модели.
4. Неговите родители се познати
Тоа не е негова вина затоа што никој не го бира семејството, но врската со некој чии родители се познати лица може да биде напорна работа. Тој израснал во верувањето дека е посебен и неговите родители ќе очекуваат неговите избраничка да има некакво„ педигре“. Ретко која девојка ќе биде доволно добра за да се запознае со неговата мајка која има исклучително високи стандарди, па немојте да бидете изненадени ако никогаш не ве поканила на неделен ручек. Момчето ќе изгуби многу време додека да најде совршена девојка која ги исполнува стандардите на неговото семејство. Немате друг избор освен да избегате.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Сите знаеме што значи да се каже за една девојка дека е принцеза. Се занимава со себе и сите во нејзиниот живот