Како да го продолжите животот на орхидејата со помош на кора од банана?

Многумина ја сметаат орхидејата за кралицата на цвеќињата, но нејзиното одгледување може да биде предизвик и за искусните љубители на цвеќиња. Со цел вашата орхидеја да живее колку што е можно подолго, може да ви помогне овој многу едноставен рецепт за хранлив раствор кој на орхидејата ќе ѝ ги обезбеди сите потребни хранливи материи.
Како да го продолжите животот на орхидејата со помош на кора од банана?
Секој што сака орхидеи знае колку се деликатни и нежни овие цвеќиња. Покрај умереното наводнување, на орхидеите им се потребна храна и ѓубриво затоа што во почвата нема доволно хранливи материи.


За подготовка на растворот за ѓубриво, потребна ви е кора од банана, која содржи фосфор, магнезиум и калиум т.н. златни супстанции за долговечност на растенијата. Овие микроелементи се додаваат во почвата во количини кои не се штетни за цвеќињата. На овој начин, орхидеите ќе изгледаат здраво за време на цветањето.
Погледнете го овој едноставен рецепт за подготовка на ѓубриво за кое ви се потребни вода и кора од банана.
1. Ставете две кори од банани во два литри вода.
2. Оставете ги два дена да отстојат во водата.
3. Процедете го растворот и разредете го со вода во сооднос 1:1. Наводнете ја орхидејата со тој раствор исто како што обично ја наводнувате.
Совет плус: Со кората од банана можете да ги исчистите и лисјата на орхидејата. Нежно поминете со кората по лисјата и тие ќе добијат сјај и ќе апсорбираат корисни хранливи материи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.