Како да добиете видливи резултати по неколку недели вежбање?

Ако целта ви е да слабеете во пределот на стомакопт, тоа најчесто се чини како макотрпна борба. Токму стомакот е делот од телото на кој најчесто работат луѓето кои вежбаат, а резултатите честопати доаѓаат по многу вложен труд и време.
Добрата вест е дека резултатите може да бидат видливи во првите неколку недели од вежбањето, ако вежбате напорно и паметно.
„Намалувањето на обемот на струкот може да се забележи по само две недели“, вели личниот тренер Џим Вајт.
„Колку сантиметри ќе намалите во обем зависи од човек до човек, но и од тоа колку не интензивен тренингот и како се храните.“
Тој објаснува дека дневно треба да внесувате минимално 1.200 калории за да може да функционираат телото и мозокот.


„Големиот обем на струкот укажува на кардиоваскуларни болести, дијабетес и висок крвен притисок. Може да изгубите неколку сантиметри во обем на струк во рок од две недели од почетокот на вежбањето, а оние со повеќе маснотии во пределот на абдоменот побрзо ќе ги видат првите резултати“, вели Вајт.
Тој препорачува комбинација од аеробни вежби и тренинг за сила. Една од најдобрите вежби за топење на мастите околу стомакот е табата – вежби на интервали со висок интензитет што подразбираат 20 секунди интензивно вежбање, па 10 секунди одмор.
„Оние кои се фокусираат и на исхраната и на вежбањето побрзо ги топат маснотиите околу стомакот во споредба со оние кои го избрале само едното или само другото“, вели тренерот Дејвид Чесворт.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.