За оние кои страдаат од несоница, Американската армија открива свои специјални методи како да заспиете за помалку од две минути по легнувањето. Тие вклучуваат посебни техники на дишење, опуштање на мускулите и на визуелизација.
Книгата „Relax and Win: Championship Performance“ од Бад Винтер и Џимсон Ли првпат е издадена пред скоро четири децении, но сега е достапна и во електронски интернет формат.
Во неа се опишани техниките кои американските војници ги користат за да го добијат својот одмор, дури и за време на битка.
Овие методи може да им помогнат и на оние кои, поради депресија или анксиозност, страдаат од несоница. Ефикасноста на тие посебни техники е 96 отсто, се вели во книгата.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.