Како да знаете дали кремот за сончање не е веќе употреблив?

Колку повеќе кожата е изложена на сонце, толку поголема заштита ви е потребна, но не заборавајте дека не е доволно да нанесувате крем со заштитен фактор само наутро пред да излезете од дома. Кремот за сончање треба да се нанесува на секои два часа за да ги избегнете болните изгореници и долгорочното оштетување на кожата. Ако сте го сториле сето тоа, но сепак успеавте да добиете изгореници, тогаш можеби е истечен рокот на траење на вашиот крем со заштитен фактор.
Како да знаете дали кремот за сончање не е веќе употреблив?
Без разлика дали станува збор за хемиски или минерален крем со заштитен фактор, секој има свој рок на траење, што обично е околу три години. Се разбира, тоа важи доколку производот го чувате понастрана од директна сончева светлина и топлина. Иако звучи тешко да се направи тоа кога сте на плажа, постојат вреќички за на плажа кои не се загреваат и ќе му обезбедат на вашиот крем со заштитен фактор соодветна заштита од сонцето. Овие фактори влијаат многу на рокот на траење на производот, а во продолжение прочитајте како да процените дали кремот е расипан.


Мирис
Ако вашиот крем за сончање има остар, силен мирис, тоа е првиот знак дека нешто не е во ред. Бактериите најверојатно влегле во производот додека сте го допирале со валкани раце или додека сте го изложувате на воздух. Во секој случај, производот веќе не е употреблив.
Текстура
Кремот со истечен рок на траење ќе ја промени својата текстура. Состојките ќе се одвојат и конзистентноста на кремот ќе биде многу полесна.
Промена на бојата
Промената на бојата ќе биде полесно видлива кај лосионот за тело отколку кај спрејот, но ако видите жолта или кафеава боја во производот, подобро е да го фрлите шишето бидејќи производот оксидирал.
Зошто кремот за сончање со истечен рок на траење е лош за кожата?
Наједноставниот одговор е затоа што нема исто дејство како и порано. Веќе нема да ја има својата намена, односно да ја заштити кожата од сонцето, па може да добиете изгореници, осип, лепливост на кожата и мозолчиња.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.