Лесно да се излезе добро на „селфи“, но што кога ве фотографира некој друг? Тогаш не можете да видите како изгледате на камера и немате неколку обиди. За среќа, професионалниот моден фотограф, Гаранас Дор има неколку супер совети за позирање со кои повеќе нема да излезете лошо на ниту една фотографија.
Покажете ја левата страна од лицето
Не знаете која страна ви е подобра? Францускиот моден фотограф вели дека според неготово искуство, но и според некои истражувања, кај поголемиот дел од луѓето левата страна од лицето е поубава. Обидете се да вежбате пред огледало за да го пронајдете својот најубав агол.Ставете го јазикот зад горните заби
Вашата насмевка на фотографиите ќе изгледа поприродна ако јазикот го позиционирате зад горните заби додека се смеете за камера, тврди фотографот. Исто така, не заборавајте да се смеете и со очите, бидејќи во спротивно вашата насмевка ќе изгледа лажно.
Обидете се да се опуштите
Колку повеќе размислувате за тоа како ќе излезете на фотографијата, толку се поголеми шансите да излезете лошо. Обидете се да се опуштите пред камера колку што е можно повеќе, а трик кој ќе ви помогне во тоа е да ги затворите очите и да ги отворите пред фотографирање, при што обидете се да се насмеете што поприродно.
Додека седите, фотографирајте се од горе
Ако некој одлучи да ве фотографира додека седите, замолете го да вас сликне од горе. При тоа лесно подигнете ја главата кон објективот, а ако сакате да изгледате повитки, навалете се нанапред.
Додека стоите фотографирајте се од долу
Ако сакате да излезете што е можно повитки на фотографиите на кои се гледате од глава до пети, замолете некој да ве фотографира од долу. Вашите нозе ќе изгледаат фантастично, нагласува фотографот.
Наведнете ја главата на страна
Ако гледате директно во камера, тогаш главата малку навалете ја на една страна за на своите црти да им дадете длабочина, вели фотографот.