Светот се повеќе се повлекува во своите домови, обидувајќи се да го спречи ширењето на новиот коронавирус, но што ако најголемата опасност живее со вас?
Тоа е сценарио со кое се соочуваат многу жртви на семејно насилство во ова време на социјално дистанцирање и карантин, велат активистите за нивна заштита.
Иако останувањето во изолација дома може да биде најдоброто решение од гледна точка на јавното здравство заради ширењето на Ковид-19, тоа ги загрижува оние што се грижат за жртви на семејно насилство.
„Кога местото каде што треба да се криете е исто како и лицето кое ве злоставува, тогаш предизвикувате целосно ново ниво на страв, вознемиреност и опасност“, вели Стефани Лов-Патерсон, извршен директор на организацијата Connections for Abused Women and their Children, која води засолниште за жртви на семејно насилство во Чикаго.
„Злоупотребата не завршува во ерата на пандемијата“.
Експертите велат дека дополнителниот стрес и изолацијата може да го влошат насилството во семејства каде проблемот веќе постои. За ова неодамна зборуваше и германската министерка за семејство Франциска Гифи.
„Поради ограничувањата во движењето, постои зголемен ризик од конфликт и семејно насилство“, рече таа.
Поради затворањето на јавните простори, како што се училиштата и компании подолго престојуваат со своите злоставувачи и немаат каде да избегаат, додава Аманда Пирон, извршен директор на мрежата Chicago Metropolitan Battered Women’s Network, која води телефонска линија за жртви од семејно насилство за Илиноис.
Таа предупреди дека нивната телефонска линија добила повеќекратни повици, откако пандемијата ескалираше.
Гифи потенцира дека потенцијалните жртви на семејно насилство треба да бидат свесни дека, дури и во овие периоди на криза, услугите на жртвите од семејно насилство се достапни и функционираат. Таа исто така предупреди дека не постојат ограничувања во движењето за луѓето во опасност.
Во меѓувреме, американските социјални работници се обидуваат да најдат алтернативи со своите клиенти за да ги заштитат кога треба да останат дома со лицето под најголем ризик. Лов-Патерсон рече дека тоа може да биде сигнализирање на сосед, светло на влезот во еден дом или код за збор во телефонски разговор.
Германското здружение за советување на жени апелираше до соседите и пријателите да ја алармираат полицијата во случај на индикации дека некој бил под ризик од семејно насилство.
Федерацијата, исто така, побара од државната служба да обезбеди сместување за оние што се изложени на ризик во хотели доколку безбедните куќи се полни.