Како да му помогнете на некој на кој марихуаната му предизвикува паничен напад

Марихуаната е позната по нејзините смирувачки свјоства. Сите знаеме за приказните за луѓе како Снуп Дог или Вили Нелсон што можат да испушат цело стебло во еден ден, со тоа што кога ќе го завршат последниот џоинт ќе побараат од негде уште малце трева ко за добра ноќ. Меѓутоа во светот на нормалните пушачи, посебно меѓу почетниците понекогаш ефектите на марихуаната можат да имаат обратен ефект.

Марихуаната предизвикува брзо чукање на срцето, вазоконстрикција и понекогаш дури може да предизвика психоза посебно кај луѓето кои се склони на таквото ментално заболување. Доброто е што овие ефекти згаснуваат како што поминува дејството. Ако внесете помала количина на канабис повеќе шанса имате да го исконтролирате вашиот high, кој покртатко ќе трае. Ако се најдете или ваш пријател некогаш се најде во ситуација каде што доживувате паничен напад предизвикан од марихуана, не плашете се, бидејќи се тоа се случува само во вашата глава и можете многу лесно да се смирите со неколку чекори поврзани со медитација.

Најбитно од се е да запамтите дека марихуаната физички НЕ МОЖЕ да ви наштети. Колку трева да сте испушиле, вашиот физички организам нема да настрада. Единствено ради паничниот напад можете да се осеќате ко да губите воздух, но тоа нема да се случи бидејќи вашиот мозок едноставно ве спречува мирно да дишете. Убаво е и во слободно време, кога не сте на „работ“, да правите вежби за дишење. Дишењето помага со регулирање на процесите во телото, ја полни крвта со кислород и го прочистува мозокот и мислите. Длабокото вдишување и издишување со кратки паузи се клучни во смирувањето на телото.

Друг начин да сте спремни за овие панични напади е да внимавате на вашата околина пред да консумирате марихуана. Секој човек раазлични преференци има и вие морате свесно да настапите кон овие ваши страни кога одлучвате да пушите марихуана во животот. Ако се осеќате поудобно дома или во затворена просторија, тогаш немојте да пушите надвор и во јавност кај што може да ве обземе реалноста дека околу вас се шетаат стотици луѓе и треба да се криете бидејќи сеуште владеат предрасудите кај мнозинството кога се работи за марихуана. Истовремено ако сте човек кој ја љуби природата, излезете на прошетка во вашиот парк или до најблиската планина каде што можете на отворено и на чист воздух да се прошетате откако сте го внеле канабисот.

Извор:„https://www.leafly.com/

Канабисот треба да консумира со посебно внимание, како и секој друг процес во животот што бирате со кој ќе го споделите. Ако одлучите да одите на одмор низ Европа, сигурно нема да одберете со билокој да го направите тоа. Некои луѓе уживаат да патуваат сами а некои со пријатели, но секогаш внимателно бирате каде, со кого и како ќе го направите тоа. Ако луѓето околу вас не се грижат за вашето здравје или благосостојба, тогаш не треба да седите и да пушите трева околу тие луѓе.

Удобноста е вашиот најголем пријател кога сте потрошувачи на канабис. Спремете си го вашиот омилен оброк, а ако сте во движење дури и едно парче овошје како банана, јаболко, портокал може да ве освежи и смири. Тргнете се од гласната музика ако сте излезени надвор на некаков настан. Ако ви е ладно не се срамете да побарате од вашиот пријател јакна или ќебенце. Многу често студот може да ви предизвиквуа панични напади, а само ако се стоплите на кратко сосема ќе ви се смени перцепцијата на вашата телесна температура и ќе престанете да паничите.

Мирна музика помага со смирување на мислите

Да заокружиме на кратко, марихуаната се користи за уживање, ако не уживате дур сте под дејство на марихуана, а немате психички пред-позиции да страдате при пушење марихуана, тогаш вашата околина на еден или друг начин игра улога во вашиот лош high. Ставете си ја удобноста на прво место и знаејќи ги овие факти, ставете ја и удобноста на вашите најблиски исто така на прво место, така ќе ве асоцираат луѓе со добро поминато време и ќе изградите позитивна врска со вашите пријатели.

Пронајдете не на следниве мрежи: