КАКО ДА НАПРАВИТЕ ДОМАШЕН МАЈОНЕЗ: Ви требаат само 5 минути

Потребно е:
1 јајце
200 ml сончогледово масло
лажичка сенф
лажичка сол
една лажица сок од лимон
Подготовка:
Сите состојки што ги користите треба да бидат од фрижидер. Изладете го сончогледовото масло во замрзнувач 20 минути пред да го направите мајонезот. Во блендер ставете ги јајцето, сенфот, солта, маслото и сокот од лимон. Со помош на стапчето за блендер на самото дно, блендирајте ја смесата пет секунди. Потоа движете го стапчето нагоре и надолу и блендирајте околу 25 секунди. Вашиот мајонез е подготвен. Чувајте го мајонезот во фрижидер и употребете го во рок од пет дена.

Пронајдете не на следниве мрежи: