За новопечените мајки враќањето на физичката активност може да биде голем и исцрпувачки предизвик и многу е важно да имаат целосна поддршка и помош од најблиските.
Најважна работа во вежбањето после породувањето не се чучњеви, исчекори или резултати видливи на телото, туку фокусирање и грижа за сопственото здравје. Бебето е центарот на светот, но исклучително е важно и здравјето и расположението на мајката.
Џен Дугард е креатор на веб-страница за мајки, која служи за поврзување на мајките со искусни лични тренери, во соработка со физиотерапевти. Заедно им помагаат и се грижат за жените, а Џен понуди неколку совети за почетници.
„Почнете и не се споредувајте со други жени. Запомнете, секое зачнување, бременост и искуство при раѓање е различно. Споредувањето со други жени нема да ви помогне. Вклучете се во вашето искуство и застанете на секој чекор и запрашајте се дали се чувствувате удобно. Потсетете се дека вашата вредност е многу поголема од големината на вашето тело.
Не сте подобри ако ги изгубите вишокот килограми побрзо. Нема да се сакате само затоа што сте помал конфекциски број. Не заборавајте да ги следите нивоата на енергија и соодветно да го прилагодите тренингот. Претерувањето со напорниот тренинг со висок интензитет кога сте лишени од сон и чувствителни не му помага никому“.
Едуцирајте се за правилната употреба на мускулите на дното на карлицата. Овој сет на мускули во основа ги одржува сите ваши внатрешни органи на своето место. Консултирајте се со експерти и не брзајте“, советува Џен.