Насмевката претставува визуелна експресија на позитивните емоции и радоста.
Меѓутоа, луѓето понекогаш насмевката ја користат за да се ослободат од непријатните ситуации или чувства. Сепак, постои ситница на лицето која открива дали насмевката е искрена или лажна.
Намевката е симбол за интеракција со луѓето кои нѐ опкружуваат. Понекогаш позитивните вибрации се шират заразно кон другите луѓе.
Проучувањето на насмевката и нејзиниот психолошки и физиолошки ефект на човечкото тело се вика гелотологија.
Најубавите смеења се оние искрените, кои зрачат со радост. Искрена насмевка можете да препознаете за 3 секунди, бидејќи се појавуваат брчки околу очите и устата, кај луѓето што се смеат искрено. Кога насмевката е лажна, брчки се појавуваат само околу устата.
Доколку секојдневно предизвикувате искрена насмевка кај некого, и вие ќе бидете исполнети и насмеани, искрено и од срце.