Како да се вратите во форма после бременоста?

Нормално е секоја жена да качи некој килограм за време на бременоста. Но после породувањето, голем број жени имаат проблеми со вишокот килограми и не знаат како да се вратат во форма. Доколку и вие се наоѓате во ваква ситуација, од помош ќе ви бидат следниве 3 совети.
Како да се вратите во форма после бременоста?
1. Трите најважни фитнес правила
Иако е тешко да се одреди кои правила се најважни кога станува збор за фитнесот, сепак може да истакнат следниве 3:


Вежбајте поради вашето здравје, а изгледот нека ви биде на второ место.
Важен е континуитетот на вежбање. Немојте да се лажете дека после месец-два вежбање ќе имате совршено тело. Телото бара постојан тренинг.
Од голема важност е и здравата исхрана. Потрудете се да внесувате што е можно поздрави намирници, но тоа не значи дека некогаш не можете да изедете пица или нешто благо. Важното е да не претерувате. Создадете здрави навики и бидете истрајни со нив.
2. Тренинзи
Веројатно сте многу зафатени и немате време за вежбање, но обидете се 3-4 пати неделно да одвоите по 60 до 90 минути за вежбање. Можете да се обидете со трчање, кружен тренинг и комбинација од статични и динамични вежби. Исто така, од голема важност се и вежбите за флексибилност, па немојте да ги изоставете.
3. Во форма после породување
На телото треба да му дадете време, најмалку 6 недели, за да заздрави од породувањето. Доколку сте се породиле со царски рез, времето за одмор треба да биде и подолго. Поставете си реални цели и немојте да користите изговори дека не можете да одвоите ниту половина час за вежбање. Можете да го направите тоа, дури и со мало дете. Исхраната, како и секогаш, има главна улога. Доењето може да предизвика зголемена желба за храна, но не дозволувајте тоа да ви биде изговор за прејадување со нездрави намирници. Се разбира, секое тело е различно, па некои работи можеби нема да ви одговараат. Некои жени побрзо ќе ги постигнат посакуваните резултати, некои побавно. Најважното е да сакате да се вратите во форма и да не се откажувате.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.