Како да се заљубите уште повеќе во партнерот

Со цел да ја зголемите интимноста помеѓу вас и вашиот партнер, а воедно и да ја доведете на уште повисоко ниво, не треба да планирате големи гестови и активности. Овие идеи, кои можете да ги вметнете во дневните активности се подеднакво ефикасни.
Појадувајте еден покрај друг
Наместо да седите еден спроти друг, уживајте во тоа време седејќи на маса еден до друг. “Тоа е помалку формално и физичката близина ќе ја зголеми вашата блискост,” вели д-р Дебра Мандел, автор на “Не ме викај драма кралица”.
 Домашна „сентиш“ песна
Кога на радио ќе ја чуете песната во која и двајцата уживате, додека сте дома, фатете го за рака и играјте неколку минути. “Спонтаните будалести акции ја зајакнуваат вашата врска”, вели секс терапевтот Д-р Линда Банери.
Испреплетени прсти во сон
Наместо да се повлечете секој на својата страна од креветот, фатете го партнерот за рака лежете блиску еден до друг, додека не заспиете. Со тоа на нежен и тивок начин ќе ја докажете длабочината на вашите чувства.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Со цел да ја зголемите интимноста помеѓу вас и вашиот партнер, а воедно и да ја доведете на уште повисоко ниво, не тре

Пронајдете не на следниве мрежи: