Како да се изборите со стравот

Еден од најголемите непријатели на целите кои ги имаме е стравот. Сигурно добро го знаете. Тоа е чувството на непријатност што се јавува секогаш кога се спремаме да превземе некој поголем чекор за нешто во животот.
Стравот е непријатна и често силна емоција предизвикана од нетрпение или пак свесност за опасноста која следи. Оваа емоција може ја има моќта да ги поткрепи или уништи нашите соништа. Сепак, стравот не треба да се гледа како пречка, туку како мала помош од страна на совеста која не тера да бидеме претпазливи во сѐ што правиме.

Доколку ви е дојдено преку глава од занемарување на она што навистина сакате да го постигнете во животот, следете ги следните чекори и конечно ослободете се од стравот.
1. Превземето го првиот чекор. Убаво размислете и едноставно превземето го првиот чекор. Знаеме дека тоа е секогаш најтешко да се направи, но не постои друг начин за да тргнете на патот на ослободување од стравовите доколку не направите нешто во врска со нив.
2. Не му дозволувајте на стравот да ја надитри вашата верба. Вашите соништа мораат да бидат посилни од вашите стравови. Вербата и стравот се две сосема спротивни работи кои не одат во комбинација.
3. Игнорирајте ја секоја негативна мисла. Вербата во нешто произлегува од она што го слушате околу вас и тоа секогаш ќе биде фактор според кој ќе делувате. Затоа, водете сметка за тоа кој се наоѓа во вашето опкружување и како влијае на вашата верба во себе и вашите достигнувања. Создадете си опкружување од луѓе кои веруваат во вас и секогаш ќе ви дадат позитивни совети и мисли.
4. Изборете се со стравот преку храброст. Храброста е единственото оружје во борбата против стравовите. Храброста значи да имате психичка и морална сила за да истраете, да им се спротивставите на опасноста, на стравот и потешкотиите. Поточно храброста значи да поседувате ментална стабилност потребна за завршување на она што сте го замислиле.
5. Радувајте се на падовите како тие да се лекции од искуството. И тоа се, бидејќи секогаш кога тргнувате на пат за остварување на своите соништа, падовите ќе ги сретнете зад секој агол. А, секој преброден пад е само едно искуство повеќе. Секако, треба да знаете како да учите од падовите.
Научете како да се борите со стравовите и искористете го тоа како насока во животот, се надеваме ќе успеете во вашите цели. Еден од најголемите непријатели на целите кои ги имаме е стравот. Сигурно добро го знаете. Тоа е чувството на непријат

Пронајдете не на следниве мрежи: