Како да се мотивирате за вежбање оваа есен?

Вежбањето е добро за целокупното здравје на телото и умот, не само за да изгледате добро. Паметно е да вежбате во текот на целата година, не само за да направите „тело за на плажа“, но и ако тоа ви е целта, со тоа се почнува уште сега за следното лето.
Без разлика дали вежбате дома, во теретана или на отворено, времето делува на расположението и на условите за вежбање. Ако ви треба дополнителна мотивација и поттик за да се зафатите со вежбање есенва, овие совети ќе ви помогнат:
Поставете си цел
Како што рековме, вежбањето е добро за вашата општа состојба, но за да мотивирате да почнете треба да си поставите цел. Дали тоа ќе биде да „влезете“ во омилените фармерки, слабеење за важен настан, постигнување на дефинирани мускули, подобрување на физичката спремност… не е важно. Важно е да знаете која ви е целта и за колку време сакате да ја остварите.
Запишете ги предностите на вежбањето
Следен чекор е да направите листа зошто сакате да вежбате и да ја имате при рака секој пат кога нема да имате волја да отидете на тренинг. Затегнато тело, блескава кожа, подобро расположение, ослободување од стресот… ова се мотивациите што ќе ве натераат да станете и да се упатите кон теретана или кон патеката за трчање.
Вежбајте во друштво
Кога ќе се договорите со некого да вежбате заедно ем нема да имате „лице“ да го откажете тренингот, ем ќе си водите сметка за напредокот во вежбањето.
Купете си нова облека за вежбање
Не мора да потрошите цело богатство, но важно е да имате удобна облека за вежбање. Новите патики за трчање или маичка за во теретана ќе ви го кренат расположението, а ќе изгледаат одлично на фотката од теретана на Instagram.
Направете мотивирачка плејлиста
Музиката е одлична мотивација, па составете ја вашата плејлиста со песни што ве „креваат“ и ќе ви го направат вежбањето позабавно.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.