Како да се ослободиме од затворениот круг на лоши навики и напнатост?

Секој од нас понекогаш е заробен во затворен и постојан круг на празно секојдневие, патење, многу одговорности и напнати односи и секому му е потребно малку мудрост за да го врати својот живот на вистинскиот пат.
Еден човек го прашал мудредот: Како да излезам од овој круг во кој немам ниту љубов ниту среќа?
Мудрецот одговорил: Од овој круг можеш да излезеш само на местото каде се спојуваат крајот и почетокот.
Човекот длабоко се замислил и тргнал во потрага за местото каде небото се спојува со земјата, но хоризонтот секогаш е на иста одалеченост. Уморен од сè, седнел на една клупа во паркот, мислејќи каде е крајот, а каде е почетокот. Зборовите на мудрецот одзвонувале во неговата глава.


Долго седел, набљудувајќи ги сонцето и облаците во текот на денот, а ноќе месецот и ѕвездите и конечно ги видел своето минато и иднина како се склопуваат во сегашниот момент, обликувајќи го неговиот живот. Го знаел одговорот. Не постои место на светот каде почетоците се склопуваат со краевите, но на секое место крајот се влева во нов почеток во одреден момент.
Повторно го побарал старецот, одлучен во намерата да осознае повеќе. Човекот му се обратил на мудрецот, велејќи: Знам каде се спојуваат почетокот и крајот, што треба да направам?
Мудрецот одговорил:
Ако твоето минато е исполнето со патење, почекај го моментот каде сонцето се искачува на хоризонтот и тогаш остави го патењето позади себе. Ако во минатото си бил роб на лошите навики, почекај го сонцето да се искачи на невото и во следните три денови прави го тоа што сакаш да го правиш до крајот на животот.


Ако во твојот живот не постоеше радост, тогаш направи го тоа што мислиш дека ќе те направи среќен, без оглед на тоа колку мало нешто е тоа и тоа ќе се прошири на твојата иднина. Ако во твојот живот дотогаш не постоеше љубов, во тој момент погледни кон сонцето и ќе ја сретнеш љубовта на својот живот.
Човекот му се заблагодарил на мудрецот и отишол по својот пат. Никогаш веќе не го потсетил мудрецот.
Некои стари маки остануваат позади нас, понесете ги со себе и исполнете ја својата иднина. Ако го направите тоа, ќе ја најдете среќата во својот живот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.