Летото, иако не и календарски, веќе одамна започна. И додека на една страна се сите негови благодети кои особено ги чувствуваме на годишен одмор, од друга страна е здодевното зуење на комарците кои кога ќе не каснат уште повеќе не нервираат. Неподносливо чешање, траги на кожата и со денови по каснувањето, црвенило и се останато што со овој проблем ни доаѓа. Затоа ви нудиме едно “направи сам” решение кое ќе ги држи комарците подалеку од вас, а се подготвува лесно дома од само две состојки.
Предноста на ова средство е во тоа што е на природна база, а основата му е лавандата. Лавандата не само што ги одбива комарците, туку има преубав мирис, па воедно додека спиете ќе имате и третман на ароматерапија што поволно влијае на релаксирањето на нервниот систем и на квалитетот на сонот.
Еве на кој начин да го направите ова моќно средство против комарци. Се што ви е потребно е празно шишенце со прскалка. Наполнете го со направената смеса од 40 капки масло од лаванда и 100 мл дестилирана вода. Убаво измешајте и прскајте со него по телото и лицето пред спиење.