Намалувањето на масните наслаги воопшто не мора да биде така комплицирано како што се чини…
Само 10 минути повеќе ќе значат многу
Без разлика дали во прашање е шетање, енергично вршење на куќните работи, танцување или која било друга рутина, ќе согорите дополнителни 300 калории неделно, што е околу 3-4 килограми годишно.
Јадете бразилски ореви секој ден
Еден единствен бразилски орев ја покрива дневната доза на селен, антиоксиданс кој игра важна улога во губењето на тежината и превенцијата на ракот на дојка.
Водата е неопходна
Осум до 10 чаши вода дневно го намалува дуењето, го намалува апетитот и му овозможува на организмот да се ослободи од токсините. Хидрацијата исто така би можела да ви помогне да ја остварите совршената линија зашто луѓето често го гладот го мешаат жедта.
Повеќе помали оброци
Мали, а почести оброци ќе ви го забрза метаболизмот и ќе придонесе вашиот организам побрзо да ги топи маснотиите. Потрудете да вклучите овошје и зеленчук.
И малите промени се сметаат
Користите скали, велосипед наместо автомобил, и одите пешки кога ќе ви се укаже прилика.
Немојте да ги исклучувате мастите од исхраната
Една од најголемите заблуди кога во прашање се диетите е дека треба да се држите што подалеку од мастите. Едноставно определите се за здрави извори на масти, како ладно-цедено масло, оревкасти плодови, семиња, авокадо и маслинки. Со тоа, всушност, ќе го забрзате метаболизмот.
Не заборавајте на протеините
Протеините го забрзуваат метаболизмот и за нивното варење потребно е повеќе време отколку за мастите или јаглехидратите, што значи дека организмот ќе потроши повеќе енергија за нивна преработка.
Јадете повеќе свежа храна
Свежата храна подобро ќе ве заштити, а предност е тоа што ги содржи сите хранливи материи, и што не содржат дополнителни калории во вид на масло или масти.
Пијте свежи цедени сокови
Природните сокови ќе го хидрираат вашиот организам, ќе помогнат да се елиминараат токсините и обезбедат голем број хранливи материи, што ќе го намали чувството на глад.
Не лишете се себеси од сон
Дали сте знаеле дека најдобар начин да ги согорите маснотиите е да спиете? Спиењето го намалува нивото на кортизол (хормон за стрес) и грелин (хормон кој создава чувство на глад), а го зголемува нивото на лептин (хормон кој предизвикува чувство на ситост). Во текот на сонот, исто така, се лачат хормони кои играат улога во согорување на мастите.