Како да се ослободите од темните пазуви?

Многу луѓе имаат потемна кожа во областа на пазувите и тоа им предизвикува непријатност. Тие се срамат да одат со дресови или кратки широки ракави, во кои лесно може да се види контрастот. Ако и вие сте меѓу оваа група, може да се обидете со следниве домашни и целосно природни рецепти кои ќе ја осветлат кожата во оваа област:
1. Сок од лимон
Лимоновиот сок е меѓу најсилните природни средства за белење. Треба само да исцедите лимон и да го втриете сокот во соодветната кожна област. Почекајте да поминат 2-3 минути и измијте со вода. Резултатот е забележлив уште во првите 7-10 дена. Правете ја оваа постапка секој ден.
2. Компир
Со помош на компир исто така можете да ја избелите кожата на сосема безбеден начин бидејќи не предизвикува алергии или иритација. Ставете во областа на пазувите тенко парче компир и држете го цврсто до кожата во текот на 10-15 минути. Правете го ова 2 пати дневно додека не видите резултати.


3. Јаболков оцет
Киселината во јаболковиот оцет помага за отстранување на мртвите клетки. Измешајте 2 лажици оцет со едно мало пакетче сода бикарбона и со помош на тампонче нанесете на кожата. Држете 10 минути и исплакнете со вода. Процедурата се прави 3 пати неделно.
4. Маслиново масло
Измешајте лажица маслиново масло со кафеав шеќер. Тријте ја кожата со кружни движења околу минута две. Измијте со млака вода. Повторете по неколку дена. (Процедурата се прави 2 пати неделно).
5. Алое Вера
Користете гел од алое вера. Директно намачкајте ги пазувите и почекајте 15 минути. Потоа измијте со вода. Растението има силни антибактериски својства, ги отстранува мртвите клетки на кожата и ја измазнува, а истовремено ја храни во длабочина.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.