Како да се отстрани ‘рѓа од старите ножеви? Сè што ви треба е лимон

Тврдењето дека лимонот е наменет само за лимонада или како додаток на јадења, го негираше креативна жена која покажа дека може да биде ефикасна во отстранување на ‘рѓа од кујнски прибор, односно ножеви.
Доколку и сами поседувате нож во својата кујна кој ‘рѓосал со тек на времето, обидете се да го вратите со помош на лимон.
Лиз Амаја, жената што го објави ова видео на Инстаграм, едноставно зеде нож кој имаше траги од ‘рѓа и го мачкаше со половина лимон.
За време на видеото таа спореди лимонска киселина и оцет и рече дека и двете се одлични за чистење.


– Киселината од лимон има антибактериско и антисептично дејство и делува како природно белило – објасни таа и додаде дека маслата од лимон помагаат на исчистените површини да сјаат.
Нејзините следбеници се воодушевени од овој трик.
– Ова е феноменално. Имам неколку ‘рѓосани ножеви поради стоење во машина за миење садови, ќе мора да го пробам ова – напиша една жена.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.