Како да се разберете себеси и другите еднаш засекогаш?

Ако се обидувате да донесете одлука, но немате никаква идеја, престанете со потрагата и фокусирајте се на нешто друго. Анализирањето на разни мислења нема да престане, само ќе се премести на подлабоко ниво – во вашата потсвест. За брзо потсвеста ќе ви го даде одговорот. Важно е само да не се изморите од барањето.
Ако сте креативна личност, не заборавајте дека самотијата е нешто што ви е навистина потребно. Ако редовно се изолирате на одреден период, тишината ја подобрува вашата внатрешна анализа. Најдобрите идеи се формираат во овој период. Па, почесто останувајте сами.
Ако посетувате психолог не кажувајте за сите нешта што ве загрижуваат. Одберете го најважното и започнете со тоа. Една тема во една сеанса. Голема е веројатноста откако ќе се справите со еден проблем да ги гледате другите од целосно нова перспектива.
Понекогаш настојувањето да анализирате сè ви е најголем непријател. Способноста да го исклучите вашиот мозок е неопходна. Ако правите нешто опасно не треба да се фокусирате на опасноста. Ризикот од неуспех значително се зголемува кога сте исплашени.
Изгледа дека лекарствата за болка не само што ја намалуваат физичката, туку ја намалуваат и емоционалната болка. Поради ова, бидете внимателни со нив.
Како подобро да ги знаете другите и себеси?
Кога повторувате една иста задача сигурно сте забележале дека почнува да го губи нејзиното значење. Го имате пробано ова, зарем не?
Замислете си дека сте во кафетерија со колеги и вие први завршувате со оброкот. Ако ви се случува ова, голема е веројатноста да имате анксиозност. Според експертите, колку побрзо јадете, толку повисоко е вашето ниво на анксиозност.
Некои луѓе веруваат дека ако некој брзо го мрда стапалото, сигурно е нервозен. Но ова не е секогаш вистина. Често луѓето кои го прават ова сакаат да ја променат активноста или сакаат да ги натераат другите да работат побрзо.
Ако сте сами на улица и забележите глутница кучиња, голема е веројатноста да ве нападнат за да ги тестираат нивните вештини и да ги научат помалите членови од групата. Луѓето го прават истото нешто и тоа е наречено малтретирање.
Малтретирањето кај тинејџерите е сериозен проблем. Најважниот совет – детето не треба да реагира на малтретирањето бидејќи токму тоа го сакаат оние што напаѓаат. Исто така, родителите не би требало да се мешаат бидејќи можат навистина да ја влошат ситуацијата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.