На сите нас понекогаш ни се случува момент кога ќе ни пукне филм. Без разлика дали сте вознемирени, бидејќи сте слушнале дека некој ве озборувал зад вашиот грб или вашето момче секогаш зборува за нешто што ви е здодевно или едноставно сакате да го избегнете, важно е да знаете кои техники во овие моменти можат да ви помогнат да се вратите во нормала. Изливот на гнев не е решение.
Дишете
Најдобар и најлесен метод е контролирано дишење. Нашиот прв инстинкт е да им се развикаме на сите, за што ќе жалиме подоцна. Бидете мудри, затворете ја устата и дишете. Мислете дека вашето тело е напнато кога сте лути и ви го ограничува дишењето, па што порано прифатете ја оваа техника.
Дистанцирајте се
Ефикасен начин да се смирите кога сте лути е да се движат подалеку од причината на вашиот гнев. Ако ситуацијата се случила во канцеларија, прошетајте, пијте чај. Ако причината за вашата лутина, е партнерот или децата, излезете на воздух или одете во друга соба. Туширањето е добра релаксација. Додека сте подалеку, јасно размислувате за целокупната слика. Можеби во овие моменти ќе го решите проблемот.
„Испукајте се“ на хартија
Напишете ги вашите чувства, преточете ги во зборови. Хартијата и моливот или компјутерот нека бидат вашата алатка. Но, бидете сигурни дека овие чувства напишани на хартија, по “терапијата” ќе ги задржите за себе.
Пронајдете малку љубов
Во тешки времиња ви треба поддршка. Краток повик, SMS порака или инстант кафе со пријател, дечко, близок член на семејството или некој друг веруваме дека ќе ве смири. Тие ќе знаат како да ве расположат. Ќе ве потсетат дека животот е многу повеќе од моменталните тешкотии и ќе ви дадат потврда дека сте одговориле добро, но и ќе ви објаснат дека сте направиле грешка и на кој начин може да ја коригирате.
Ваше мало среќно место
Менталното бегство побарајте го во неколку минути посветени на нешто што ви се допаѓа. Кратка пауза, која ќе ве протресе и ќе ве фокусира на нешто што ве прави среќни, ќе го намали вашиот стрес и ќе ви помогне да се чувствувате подобро. Вашето среќно место може да биде и само гледање во слики од егзотични места кои сакате да ги посетите.
Слушајте ја вашата омилена музика
Секое расположение има песна што му одговара. Кога сте лути, слушајте нешто што ќе ве развесели и смири. Избегнувајте ритми кои ќе „удрат“ по вашите чувства.
Оладете се
Буквално. Одете во простор кој има пониска температура. Во текот на летото, луѓето имаат краток „фитиљ“, бидејќи високата температура ги вознемирува. Кога ќе се налутите, и сте во собата во која е многу жешко, одете во поладно окружување. Полесно ќе се смирите.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани.