Како да се справите со прикриеното вербално малтретирање?

Дали некогаш се запрашувате како може некој да се осмели да ви каже како да се чувствувате? Или ова однесување станало навика во вашата врска со мајка ви, татко ви, партнерот, па веќе сметате дека сè што ќе кажат е вистина? Ова се случува кога сте се навикнале на малтретирањето.

Размислете за врската што ве полудува. Дали таа личност ви кажува кои сте, што да мислите и што да чувствувате? Дали често го слушате зборот „би требало“? Ова е прикриено вербално малтретирање.
Некои толку многу се навикнуваат на малтретирањето што понекогаш и го оправдуваат. Како деца можеби сте се навикнале да бидете понижувани од вашите родители, па како возрасни барате партнер што ви го прави истото. Ви изгледало познато и ви изгледало нормално.
Без разлика колку нормално ви изгледа, ова е однесување што не треба да го прифатите. Луѓето што ве малтретираат сакаат да ја дефинираат вашата реалност за да можат да ве контролираат. Можеби ќе си помислите дека личноста само се грижи за вас и не сака да згрешите. Но, ако сте возрасни

тогаш сигурно можете самите да одлучите:
Како да живеете
Што мислите
Што чувствувате
Што ви треба
Што сакате
Кои сте


Ако сте се навикнале да ви ги кажуваат овие нешта, уште денес застанете на своја страна. Преземањето на контролата над вашиот живот може да биде бавен процес, но започнува овде. Наскоро ќе забележувате кога другите сакаат да ја наметнат нивната моќ над вас и нема да им го дозволите тоа.
Пред да се ослободите од вербалното малтретирање, потребно е да го препознаете. Потоа обидете се да го смирите вашиот гнев. Нормално е да се чувствувате гневно. Штом ќе го забележите малтретирањето нема да можете да го заборавите. Овој гнев е здрав, но ако му дозволите да ве надвладее ќе си создадете други проблеми.
Кога ќе сфатите дека некој се обидува да ви го контролира животот, побарајте помош. Можете да се обратите и кај вашиот терапевт. Заедно ќе создадете стратегија и ќе имате поддршка да ја направите потребната промена во вашите врски.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.