Проблеми како рефлукс и горушица мачат многу луѓе. Рефлуксот се јавува кога дел од содржината на желудникот, вклучувајќи ја и киселината, се враќа назад во хранопроводот, додека горушицата се јавува кога киселината што нормално помага во варењето на храната „се движи“ нагоре во хранопроводот. Диететичарот и нутриционист д-р Меган Роси вели дека тоа „не е шега“ и може сериозно да го наруши секојдневниот живот кај некои.
Роси сподели три едноставни чекори што можат да помогнат со рефлукс и горушица: завршете со јадење најмалку три часа пред спиење, избегнувајте големи оброци и решете го проблемот со запек и надуеност.
,,Завршете со јадење најмалку три часа пред спиење. Ова ѝ дава време на храната да помине низ желудникот, наместо да стои „тешка“ и да ја турка киселината нагоре низ она што го нарекуваме езофагеален сфинктер“, забележа таа во видеото.
„Доколку имате некој од овие симптоми, веднаш консултирајте се со вашиот матичен лекар“
Дополнително, тој додава дека големите порции го зголемуваат притисокот во желудникот, па затоа е најдобро да ги избегнувате и да јадете неколку помали оброци во текот на денот. Тој исто така истакнува: „Лекувајте запек и надуеност. И двете го зголемуваат притисокот во стомакот и значително го влошуваат рефлуксот.“
Националната здравствена служба (NHS) наведува дека главните симптоми на рефлукс се горушица (чувство на печење во средината на градите) и непријатен кисел вкус во устата предизвикан од желудочна киселина, а може да вклучува и кашлица или повторливо икање, засипнатост, лош здив, надуеност и гадење.
Симптомите често се влошуваат по јадење, додека лежите или се наведнувате напред, а можат да се влошат и од пушење, бременост, прекумерна тежина, стрес и анксиозност, хиатална хернија или чир на желудник.
„Доколку имате некој од овие симптоми, веднаш консултирајте се со вашиот матичен лекар“, заклучи Роси.
The post Како да се ублажи рефлуксот на киселина и горушицата? appeared first on Во Центар.



