Како да слабеете со јадење јајца за појадок?

Д-р Мајкл Мозли е креатор на неколку познати диети, меѓу кои и Fast 800 Keto, која од ден на ден стекнува сè поголема популарност.

Докторот уште во 2019 година изјави дека внесувањето само 800 калории дневно може да помогне доколку сакате брзо да ослабете, а многу експерти го критикуваа затоа што сметаат дека тоа не е доволно за здраво функционирање, особено ако човек е физички активен.

Д-р Мозли не се откажа од својот став, а сега разјасни зошто јадењето јајца за појадок може да го забрза процесот на слабеење.
„Целта на повремениот пост е да се намали внесот на калории. Методот 5:2 вели дека треба да се консумираат до 500 калории два дена во неделата, но според мене е полесно да се следи диета до 800 калории секој ден“ објасни тој во емисија на BBC.
„Луѓето успеваа да ослабат, но се мачеа кога мораа да внесуваат од 500 до 600 калории дневно. Целта на диетата за која зборувам е поддржана од една студија. Луѓето кои јаделе околу 800 калории дневно до 12 недели изгубиле во просек 14 килограми“, додаде тој.

Тој спомна уште една студија спроведена од Универзитетот Оксфорд, во која учесниците изгубија 10 килограми во текот на една година, но не се придржуваа толку строго до внесот до 800 калории на ден.
„Диетите траат најмалку две до три недели, некои и до 12 недели. Колку и да звучи тешко, лесно е ако ја изберете вистинската храна. Јас сум голем љубител на јајца, тие ќе ве заситат. Можете да ги варени или како кајгана“, вели д-р Мозли.
Јајцата се хранливи. Едно пилешко јајце со големина М има околу 84 калории, 8,3 грама протеини, 5,7 грама незаситени масти и 1,6 грама заситени масти. За појадок во јајцата може да се додаде шунка или малку лосос. Она што треба да се избегнува е лебот.

„Би го охрабрил секој кој е на нискокалорична диета да пие многу течности. И не заборавајте на јаглехидратите, ама здравите оние од полно зрно, има добра причина да ги јадете“, заклучил тој.
Режимот на д-р Мозли не се препорачува за сите. За да изгубите тежина, треба да постигнете калориски дефицит или да внесете помалку калории во споредба со тоа колку согоруваме. Исто така, губењето на околу половина килограм неделно се смета за здраво и одржливо губење на тежината. Совет на нутриционистот е да се консумираат сите намирници, но во граници и да се зголеми нивото на физичка активност.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.