Како да убиеш човек без докази: Четири дена подоцна нејзината ќерка била мртва

Серија морбидни случувања на интернет довелe до апсење на една жена од Алјаска, која сега е обвинета за убиство на своите деца и тоа во период од две години. 23 годишната Стефани Ла Фонтејнт е обвинета за убиство на својата ќерка стара 13 месеци на 20 ноeмври минатата година, како и четиримесечното дете на 15 септември 2015 година. Двете бебиња биле многу здрави, но наеднаш престанувале да дишат. Тогаш нивната мајка повикала Брза помош. Девојчето починало во болница четири дена подоцна.


Кога полицијата почнала да ја истражува смртта на другото дете, форензичарите пронашле сомнително пребарување на нејзиниот компјутер и тоа околу еден час пред да ја повика Брзата помош. Таа на Гугл барала: Како да убиеш човек без докази, давење и форензика, како да направиш совршено убиство. Причината за смртта на првото дете не е пронајдена, но се поклопува со смрт со гушење, додека другото дете починало поради недостаток на кислород во мозокот.
Таа е уапсена во средата, а нејзиното прво појавување пред судот се очекува наредната недела.
Шефот на полицијата Ерик Џевкес кажал дека ова е страшно злосторство и дека злото демне во секоја заедница.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.