Експериментирањето со храната понекогаш ни открива трикови со кои може да заштедиме време и пари, но и да го одбегнеме претераното фрлање на храната. Тука спаѓа и непотребното фрлање на стариот леб.
Како да ја вратите свежината на стариот леб?
Веројатно често се принудени да го фрлите стариот леб кој со денови стои во кујната. Благодарејќи на овој мал трик, повеќе нема да мора да го правите тоа.
Сѐ што треба да направите е да го намокрите лебот со вода. Внимавајте мекиот дел од лебот да не биде премокар. Доволно е да ставите вода која ќе го намокри тврдиот дел.
Следниот чекор е печење на лебот на температура од 150 до 160 целзиусови степени. Печете го лебот 6 то 12 минути, во зависност од водата која сте ја искористиле. Тоа е сѐ!
Трикот функционира бидејќи водата се претвора во пареа за време на печењето. Од друга страна, лебот повторно станува мек.